11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во општина Бутел во тек е жестока и националистички обоена кампања од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), каде, според изјави и снимени настапи, се повикува дека „градоначалник мора да биде Албанец, а не Дарко Костовски“.
И покрај ваквата реторика, најновите анкети покажуваат дека актуелниот градоначалник Дарко Костовски има убедлива предност со поддршка од 26 проценти, додека кандидатите од СДСМ и ДУИ имаат значително пониски рејтинзи од 5, односно 7 проценти.
Последниве денови, кампањата на ДУИ во Бутел е проследена со јавни настапи под знамиња на Ослободителната војска на Косово (УЧК), при што се упатуваат пораки до гласачите да не го поддржуваат Костовски само затоа што е Македонец.
Паралелно со ова, според сведоштва од терен, се врши притисок врз дел од албанските граѓани кои јавно изразиле поддршка за Костовски поради неговите инфраструктурни проекти што ги подобруваат условите и во албанските населени места во општината.
Дарко Костовски, како градоначалник, во изминатиот период реализираше неколку клучни проекти за целата општина — без оглед на етничката припадност на граѓаните. Меѓу нив се спомнуваат доведувањето на градскиот водовод до Љуботен, изградбата на нова поликлиника, нова градинка во Бутел 2 и ново училиште во населбата Визбегово.
Овие иницијативи, според поддржувачите, покажуваат дека фокусот на општинското раководство е развој и подобар живот за сите жители, а не етничка поделба.
Политичките аналитичари предупредуваат дека враќањето на националистичката реторика во локалните избори може да ги продлабочи поделбите меѓу заедниците. „Времето на голиот национализам одамна помина. Денес граѓаните одбираат развој, а не поделби“, коментираат упатени извори.
Анкетите го потврдуваат токму тоа — мнозинството граѓани во Бутел се определуваат според проекти и конкретни резултати, а не според етничка припадност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

