14 април 2025
• од Вардарски
Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува вчерашниот брутален ракетен напад извршен од страна на Руската Федерација врз украинскиот град Суми, при што животот го загубија десетици невини цивили. Овој чин претставува тешко кршење на меѓународното право, терор и воен злостор против човештвото.
Во моменти кога целиот демократски свет – САД, Европската Унија и НАТО – јасно и гласно го изразуваат својот став, сметаме дека секое отсуство на реакција од институциите на Северна Македонија е недозволиво и загрижувачко.
Молкот не е само знак на неодговорност – тој претставува опасен сигнал за оддалечување од нашите стратешки партнери и меѓународни обврски. Ова отстапување од заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, од вредностите на НАТО, и од блиското стратешко партнерство со САД, ја загрозува евроатлантската ориентација на државата.
ДУИ силно верува во демократските вредности, солидарноста меѓу народите и почитувањето на човековите права. Во таа насока, изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во Суми, како и до целиот украински народ кој веќе подолг временски период се соочува со жестока агресија.
Уверуваме дека граѓаните на Република Северна Македонија, вклучително и нашата партија, остануваат силен поддржувач на суверенитетот, територијалниот интегритет и правото на самоодбрана на Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

