02 мај 2025
• од Вардарски
ДУИ денеска реагираше по повод најновиот извештај на „Репортери без граници“, според кој Северна Македонија падна за шест позиции на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година. Според партијата, ова претставува сериозен показател за влошување на демократските стандарди и односот кон критичкото мислење.
Во соопштението, ДУИ укажува на сериозни слабости кои ги посочува извештајот — од политичкиот контекст и законската рамка, до економските притисоци и безбедноста на новинарите. Особено загрижувачки, велат од ДУИ, е тоа што е детектирана постоење на паралелни медиумски системи поврзани со политички и економски центри на моќ, кои директно влијаат на уредувачката политика и го поткопуваат довербата на граѓаните.
„Наместо да гарантира институционална независност, Владата ја продлабочува клиентелата преку нови механизми на влијание, вклучувајќи го и рекламирањето на јавните институции во приватните медиуми — што повторно ја отвора темата за транспарентноста и фер третманот на медиумскиот сектор,“ се вели во реакцијата.
ДУИ потсетува дека односот кон медиумите е директен одраз на зрелоста на една демократија. Според партијата, наместо селективна поддршка и политички погодни уредувачки пристапи, неопходно е да се поддржат професионалните стандарди, независноста на јавниот сервис, заштитата на новинарите и институционалната подготвеност да се одговори на критичкото известување со отчетност, а не со притисоци.
ДУИ истакнува дека останува цврсто на ставот дека слободата на медиумите е темелен столб на правната држава и ќе поддржи секој процес кој води кон медиумска транспарентност, плурализам и професионализација, во согласност со европските стандарди кон кои земјата се стреми.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

