23 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на вчерашната одлука на Државната изборна комисија (ДИК) со која се намалува бројот на советници во дел од општините. Според партијата, оваа одлука претставува „етничко надгласување“ и се однесува исклучиво на општините со мнозинско албанско население.
Во соопштението на ДУИ се нагласува дека одлуката е „срамна“ и дека ВМРО, СДСМ и ВРЕДИ заеднички настапиле против Албанците. Партијата предупредува дека станува збор за опасен преседан кој ја враќа земјата во времето пред 2001 година, кога, како што наведуваат, систематски се игнорирала волјата на Албанците и институциите се користеле за нивна дискриминација.
„Оваа одлука не е само политички штетна за Албанците, туку ја враќа земјата назад во времето на Милошевиќ и Рахман Морина. Во септември 2024 година оваа моноетничка влада донесе неуставна одлука за намалување на бројот на советници, а потоа се обиде и да го измени Законот за локална самоуправа. Благодарение на мнозинството на Бадентер, Европскиот фронт ја блокираше оваа иницијатива,“ стои во реакцијата.
ДУИ посочува дека со одлуката на ДИК директно се оштетени албанските општини. Во Гостивар, бројот на советници се намалува од 31 на 23, додека во Струга, Кичево, Врапчиште, Желино и Теарце бројот е скратен за по четири советници. Дополнително, од официјалните пресметки е исклучена дијаспората, што, според ДУИ, негативно влијае врз политичкото претставување и економскиот развој на овие општини.
Посебно внимание ДУИ посвети и на улогата на ВРЕДИ, обвинувајќи ја партијата дека не ги претставува интересите на Албанците. „Соработката на ВРЕДИ уште еднаш докажа дека таа партија ги прикрива неправдите кон Албанците, наместо да се бори за нивните права,“ се наведува во соопштението.
Како дополнителен чекор, од ДУИ информираат дека членката на ДИК, Дитмире Шеху, ќе поднесе тужба пред Управниот суд, со цел да се оспори законитоста на оваа одлука.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

