05 април 2025
• од Гоце Кически
Денеска во Кочани ќе се одржат два одделни граѓански протеста по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, во која животите ги загубија неколку млади лица.
Првиот протест, под мотото „Марш за ангелите“, е закажан за точно во 12 часот и 5 минути – симболично време што, според организаторите, ја претставува задоцнетата реакција на институциите. Протестот го организираат семејствата на жртвите и ќе започне од Паркот на Револуцијата. Маршрутата ќе продолжи кон Трговскиот центар, а потоа и до зградите на Општина Кочани, Полициската станица, како и до Основниот суд и Обвинителството.
Во писменото известување до јавноста, организаторите потенцираат дека маршот не е насочен против лицата од обезбедувањето во дискотеката, и дека граѓаните кои не го поддржуваат тој став не мора да се приклучат.
Вториот протест, под името „Ваш профит – наши животи“, ќе се одржи попладне, со почеток во 15:59 часот. И овој марш ќе се движи по слична рута како претходниот, завршувајќи пред клучните институции во градот. Организаторот на овој протест не е наведен во објавата која кружи на социјалните мрежи.
Граѓаните преку овие протести бараат одговорност од институциите, посочувајќи на пропустите и негрижата што довеле до трагедијата. Очекувањата се дека протестите ќе поминат мирно, но со силна порака за правда и промени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

