18 март 2025
• од Вардарски
Скопје ќе може да ги почне преговорите за членство во ЕУ веднаш по усвојувањето на неопходните уставни измени, изјави денеска известувачот за напредокот на земјава во Европскиот парламент, Томас Вајц.
Комисијата за надворешни работи денеска во Европскиот парламент расправаше за извештајот на Македонија подготвен од Вајц, во кој се земени во предвид последните два годишни извештаи на Европската комисија.
Во извештајот на ЕП ќе бидат забележани неопходните одлуки на Парламентот и Владата поврзани со уставните измени, кои велат дека треба бидат вклучени неколку малцинства во преамбулата, посочи Вајц.
„Ова е услов што Северна Македонија мора да го исполни и поврзано е со неопходните услови за прием во ЕУ. По измените на Уставот, можеме веднаш да почнеме пристапни преговори“, рече Вајц.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

