24 јануари 2025
• од Вардарски
Вчера во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци, информираат од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
