27 февруари 2025
• од Вардарски
Денеска во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

