15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, побара итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што истакна, несоодветното справување со пожарот на депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните.
Филипче остро ги критикуваше институциите, наведувајќи дека министерот за здравство ги излажал граѓаните тврдејќи дека воздухот не е загаден, без соодветни докази. Тој, исто така, посочи на контрадикторните информации околу евакуацијата:
„Министерот за внатрешни работи најави евакуација, а владата потоа соопшти дека во Центарот за згрижување никој не се јавил. Тоа јасно покажува дека немало организирана и навремена реакција,“ изјави лидерот на СДСМ.
Во своето обраќање, Филипче истакна дека е неопходна детална анализа на состојбата со депониите во државата. Тој постави прашања за легалноста на нивното функционирање, оддалеченоста од населените места и евентуалното нелегално управување со отпад, вклучително и увозот на отпад. Според него, Владата досега не презела конкретни мерки по овие клучни прашања.
Освен кон министрите, Филипче упати критики и кон градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги обвини дека не ги исполниле ветувањата за расчистување на депониите и изградба на паркови на нивно место. „Еве завршува нивниот мандат, а наместо подобрувања гледаме трагични ситуации кои го загрозуваат здравјето на граѓаните,“ потенцираше тој.
Филипче нагласи дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет и дека е време институциите да преземат вистинска одговорност, наместо да се префрла вината и да се даваат празни ветувања.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден