25 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со лозари во Кавадарци, каде што остро ја критикуваше актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ поради, како што рече, целосно занемарување на лозарството – една од најважните земјоделски гранки во земјата.
Филипче нагласи дека во текот на една година, ВМРО-ДПМНЕ не само што не донело развојни мерки, туку ги укинало и веќе постоечките програми кои им помогнале на лозарите. Според него, укинати се субвенциите за високо квалитетно грозје, стопирана е програмата за мали винарии и дестилати, а намалена е поддршката за промотивни активности, што директно влијае на пласманот и извозот на македонското вино.
„Лозарите беа оставени сами на себе. Во 2024 година немаше ниту денар субвенција за предадено винско грозје, што е првпат по повеќе години. Укината е и мерката за 60.000 денари субвенција по хектар за високо квалитетно грозје“, изјави Филипче.
Тој потсети дека за време на мандатот на СДСМ, лозарството доби сериозна институционална поддршка преку мерки како авансна исплата на субвенции, субвенционирање зелена нафта, како и формирање мали семејни винарии со државна помош. Над 150 грантови од по 10 илјади евра биле доделени за модернизација на малите винарии.
„Македонија благодарение на тие мерки стана водечки извозник на вино во регионот и 13-ти на светско ниво. Ова не е случајно, туку резултат на јасна визија и силна поддршка на лозарството“, додаде Филипче.
Тој увери дека СДСМ ќе продолжи да стои зад земјоделците и ќе работи на нови мерки за поддршка и унапредување на лозарството како стратешки важна гранка за македонската економија.