13 февруари 2025
• од Вардарски
Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите се задоцнети. Од партијата најавија седум предлог-мерки.
Предлагаме намалување на ДДВ на струја од 18 на 5 проценти, намалување на ДДВ на основните прехранбени производи, замрзнување на цените на основните прехранбени производи во следните три месеци, фиксирање на маржите на основните прехранбени производи, итно имплементирање на Законот за нефер трговски практики, намалување на цената на зелениот картон за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонеси, изјави лидерот на СДСМ, Филипче.
Денеска, Владата на итна седница се очекува да ја разгледа Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија за ограничување на маржите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

