25 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска соопшти дека се одржува првата средба на работните групи посветени на реформите во правосудниот систем, како дел од националната реформска агенда. Во изјава дадена како одговор на новинарско прашање, Филипче потенцираше дека правосудството е еден од приоритетите за земјата и дека постои јасен план за потребните промени и усвојување на нови закони.
Според него, во согласност со Планот за раст и усогласување со европската агенда, рокот за донесување на законите за правосудството е јуни, но досега ниту еден закон не е поднесен до Собранието.
„Како претседател на Националниот совет за евроинтеграции, иницирав проширување на процесот – да ги вклучиме граѓанскиот сектор, универзитетите и сите релевантни чинители, со цел заедничка работа на спроведување на планот,“ изјави Филипче.
Тој додаде дека во работната група за правосудство, покрај потпретседателката на СДСМ, се вклучени и експерти од Правниот факултет. И покрај првичните политички препукувања, вчера бил добиен предлог од Министерството за правда за средба, кој денеска се реализира.
Филипче исто така посочи дека иницијативата за работните групи е мотивирана и од последните трагични настани, како трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека граѓаните очекуваат суштински реформи, а не дневно-политички препукувања.
„Потребна е заедничка работа на сите политички чинители. Жал ми е што некои партии одбија да се вклучат и се обидуваат да ѝ дадат етничка димензија на иницијативата,“ рече Филипче.
На крајот, претседателот на СДСМ истакна дека партијата останува отворена за соработка и ги повика сите политички субјекти да се приклучат во работните групи, со цел обезбедување реални и ефикасни реформи кои ќе ја приближат земјата кон членство во Европската Унија. Според него, со моментално закочениот процес на евроинтеграции, иднината на државата е сериозно загрозена.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

