24 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со Европската унија, документ кој партијата го подготвуваше во изминатиот период.
Филипче истакна дека процесот бил спроведен внимателно и со сериозен пристап, со оглед на чувствителноста на темата. Во подготовката на документот биле вклучени бројни експерти од правото и меѓународното право.
„Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието,“ рече Филипче.
Лидерот на СДСМ подвлече дека целта е постигнување заеднички став за најважното државно прашање – европската перспектива на Македонија.
„Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина,“ нагласи Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

