24 јули 2026
• од Темелко Тошев
Полицијата лиши од слобода 33-годишен жител на тетовското село Челопек, откако бил пријавен за физички напад врз неговата 28-годишна вонбрачна партнерка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил на 24 јули, околу 00:40 часот по полноќ, на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово. Нападот уследил по кратка вербална расправија меѓу двајцата.
Насилникот е приведен и задржан во полициска станица. Од МВР посочуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

