23 јули 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ реагира на најавата на премиерот Христијан Мицкоски за можни мерки за намалување на цените на горивата преку евентуално намалување на ДДВ, оценувајќи дека досегашните вакви мерки не ги дале очекуваните резултати.
Од СДСМ велат дека граѓаните веќе имаат искуство со најавите за намалување на цените и тврдат дека претходните мерки, наместо поевтинување, довеле до нови поскапувања.
Според партијата, наместо реално намалување на трошоците за граѓаните, следувале повисоки цени и дополнителен притисок врз семејните буџети.
„Кога Мицкоски повторно зборува за интервенција кај горивата, граѓаните не чувствуваат олеснување, туку страв, затоа што досегашното искуство покажува дека по ваквите најави следувале нови поскапувања“, наведуваат од СДСМ.
Во партиското соопштение се додава дека секоја мерка што Владата ја претставува како решение за намалување на цените, според нив, во пракса завршува со спротивен ефект.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

