23 јули 2026
• од Тодор Вангелов
Европската Унија го усвои 21. пакет санкции против Русија, со нови мерки насочени кон финансискиот сектор, воената индустрија и енергетиката. Целта е дополнително да се ослабат ресурсите што Москва ги користи за продолжување на војната во Украина.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, соопшти дека новиот пакет е најобемен во последните четири години и опфаќа вкупно 218 нови санкции.
Мерките вклучуваат санкционирање на повеќе од 100 банки и оператори со криптовалути, над 40 бродови од таканаречената „сенка флота“, како и неколку рафинерии во Русија и Белорусија, за кои ЕУ смета дека придонесуваат за финансирање на руската воена машинерија.
На листата се додадени и повеќе од 50 компании од руската воена индустрија, меѓу кои и клучни производители на беспилотни летала со долг дострел.
Калас истакна дека ЕУ веќе работи на нови мерки и порача дека Унијата ќе биде подготвена да одговори доколку Русија ја засили својата агресија. Таа потсети дека минатата недела беа воведени и санкции против лица одговорни за злоупотреба и убиства на украински воени заробеници и цивилни затвореници, како и против технолошки компании кои, според ЕУ, му помагаат на Кремљ во ограничувањето на слободата на интернет.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

