22 јули 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со катастрофата со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оцени дека ваков случај е апсолутно неприфатлив за 21-от век.
„Функционалните системи за канализација и водовод не се нов историски феномен. Тие постојат веќе две илјади и петстотини години, и да ни се случи ваква ситуација од вакви размери во 2026 година е навистина незамисливо. Како општество не смееме да дозволиме вакво нешто ниту на сон“, нагласи Јанчев.
Тој додаде дека, покрај сериозните недостатоци во управувањето со системот за водоснабдување, во овој случај тешко потфрлил и здравствениот систем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

