21 јули 2026
• од Темелко Тошев
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар објави алармантни резултати од анализата на водата за пиење во градот, кои покажуваат дека таа е многу загадена, небезбедна за консумација и не може да се употребува за ниту една намена. Поради ова, отворена е истрага и приведени се три раководни лица од гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“.
Истражната постапка е покрената за кривичното дело „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење“.
Осомничените се соизвршители кои со своите постапки ја направиле водата неупотреблива. Меѓу приведените се:
Според информациите од Обвинителството, скандалот започнал на 25 јуни, кога осомничените дале налог на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во отворен канал со површинска вода, со цел да се тестира притисокот. Каналот, кој содржел штетни материи, се наоѓал во непосредна близина на преливната комора на системот што ги снабдува со вода за пиење Гостивар и околните села.
При увид на самото место на 16 јули, било констатирано дека две од пумпите сè уште биле во функција. Тие, преку потисни црева, континуирано пренесувале загадена вода со колиформни бактерии од отворениот канал директно во затворениот систем за вода за пиење. Ова предизвикало мешање на штетните материи во главниот цевковод.
По наредба на јавниот обвинител, Институтот за јавно здравје изврши детални анализи на неколку локации. Резултатите покажуваат сериозни отстапувања и опасност по здравјето:
Јавниот обвинител констатирал дека промените и штетата предизвикана од ова загадување не можат лесно да се отстранат, со што се исполнети сите обележја за основано сомнение за сторено тешко кривично дело.
ОЈО Гостивар продолжува со интензивни истражни дејствија за целосно расчистување на случајот. Тројцата осомничени се лишени од слобода, а во текот на денот надлежниот јавен обвинител ќе донесе одлука какви мерки за обезбедување (притвор или мерки на претпазливост) ќе предложи до Судот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

