25 март 2025
• од Вардарски
Фондацијата „Македонија“ од Бугарија продолжува со хуманитарната акција за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Денес, преку системот за плаќање „EasyPay“, се префрлени нови 1400 лева (околу 700 евра) на таткото на повредената Неда – Горан Малешевски, за потребите од нејзиното тековно лекување.
Горан Малешевски е бугарски државјанин со потекло од Делчево. Како што наведуваат од Фондацијата, трагедијата во Кочани длабоко ги потресла и затоа кампањата за собирање донации продолжува.
„Ова се средства собрани со помош на вас, хуманите луѓе. Ви благодариме што помагате“, се вели во објавата на фондацијата.
Сите кои сакаат да се вклучат во акцијата и да помогнат на семејствата на настраданите, можат да донираат на следната сметка:
IBAN: BG27FINV915010E0502299
Фондација: Македонија
Цел на плаќање: За семејствата на настраданите од Кочани.
🇲🇰🤝🇧🇬
За повеќе информации и следење на кампањата, фондацијата апелира граѓаните да ги следат нивните официјални канали.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

