16 март 2025
• од Вардарски
Од МВР стигна потврда дека е уапсен сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информации на Радио Лидер, името на сопственикот е Дејан Јованов – Деко. Во сопственичката структура имало повеќе лица, а дозволата за работа му била до 24 март. Според информациите до кои стигна Радио Лидер, Јованов кој бил еден од сопствениците на дискотеката имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.
Според неофицијални информации, сопственикот на дискотеката Јованов пробал да бега во соседна држава.
Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица. Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви постојано расте.
Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

