02 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Група грчки земјоделци денеска од 12 часот по локално време целосно го блокирале граничниот премин Евзони кон С. Македонија, оневозможувајќи ја сообраќајната комуникација и за влез и за излез од Грција. Засега нема официјална информација до кога ќе трае блокадата, што создава неизвесност за патниците и транспортните компании.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на оваа локација се собрани повеќе од 150 трактори и земјоделски возила. Протестот, инициран од земјоделците од областа Пеонија, постојано се зајакнува, а бројот на учесници и механизација расте.
Преминот бил затворен и вчера во 18 часот, кога првично бил блокиран само влезот на камионите кон Евзони. Подоцна, протестот е проширен во општа блокада, која траела сè до полноќ, пред преминот повторно привремено да биде отворен.
Блокади на патиштата се регистрирани и во други делови низ Грција. Протестни активности има кај патарината на излезот од Солун на автопатот кон Атина, но и во близина на градовите Лариса и Кардица.
Иако организаторите засега не излегоа со детално соопштение, земјоделските здруженија во земјата изминативе недели предупредуваа на проблеми со субвенциите, раст на трошоците за производство и увозната конкуренција, што најверојатно е и главниот мотив за сегашните радикализирани протести.
Надлежните институции сè уште не издале официјален апел, но неформални извори од граничното подрачје препорачуваат патниците да ги следат информативните канали и, доколку е можно, да користат алтернативни премини додека ситуацијата не се стабилизира.
ЕУ подготвува нови санкции кон Белорусија поради „хибридни“ закани кон Литванија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

