24 февруари 2025
• од Вардарски
Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи, информираат од МВР.
Во рамки на извршените сообраќајни прегледи (21/22/23.02), од 2.228 издадени платни налози дури 718 прекршоци се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење, 106 – за возење во алкохолизирана состојба, како и 215 прекршоци што се однесуваат на управување без возачка дозвола.
Исто така, заради непочитување на одредбите околу задолжителното користење на сигурносен појас евидентирани се 171 прекршок, плус 12 прекршоци за граѓани коишто управувале мотоцикли без заштитен шлем, а за користење на мобилен телефон при возење изречени биле 45 прекршочни казни. Воедно, (компаративно гледано во споредба со минатиот викенд) има благ пад по однос на прекршоците поврзани со неправилно паркирање – 451, додека пак регистрирани се 15 случаи на минување на црвено и 28 прекршоци од страна на пешаци, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се наведува во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

