02 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев преку социјалните мрежи реагира на, како што вели, апсурдна одлука на институциите, откако деновиве добил две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци примени уште во 2020 година, кои сега се третираат како личен „доход“.
„Деновиве добив не едно, туку две решенија за оданочување на дневници и патни трошоци како ‘доход’ за далечната 2020 година. Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!“, напиша Калајџиев во својата објава.
Во дополнителни коментари, тој појаснува дека станува збор за службено патување организирано од државата, при што бил ангажиран како експерт во рамки на меѓународна организација, без паричен надомест за неговата работа.
„Државата ме праќала како експерт во меѓународна организација, за што сум работел pro bono, а сега ми наплаќа 10 проценти од трошоците што Советот на Европа ми ги вратил за патните трошоци. Ем шуто, ем боде!“, реагира професорот.
Неговата објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните во коментарите остро ја критикуваат праксата на ретроактивно оданочување, како и третирањето на службени и рефундирани трошоци како личен доход, оценувајќи дека ваквите одлуки се неправични и демотивирачки за експертски и јавен ангажман во корист на државата.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

