30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Универзитетскиот професор и правник Гордан Калајџиев остро реагираше на обвинението поврзано со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека станува збор за политички мотивирана постапка, а не за правна заблуда.
Во својата изјава, Калајџиев посочи дека обвинителството се повикува на т.н. „верижна одговорност“, концепт кој, според него, не е издржан и не може да има место во правната практика.
„Не е страшно што обвинителите згрешиле со ‘теоријата’ за верижна одговорност. Страшно е што не се работи за грешка, туку за нарачка од политиката,“ изјави тој.
Калајџиев нагласи дека сите правни експерти и авторитети се согласуваат оти таква конструкција не може да издржи правна проверка. Сепак, Обвинителството, според него, свесно инсистирало на оваа теорија. Дополнително, тој укажа дека обвинителите кои ја туркаат ваквата постапка не само што не се санкционирани, туку дури и напредуваат во кариерата.
Како уште поголем проблем, Калајџиев го истакна однесувањето на судот, кој, според него, нема храброст да го отфрли „широкото обвинение“. Со тоа, додава тој, се испраќа опасна порака дека нарачаните обвиненија можат да поминуваат во правосудниот систем.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

