14 април 2025
• од Вардарски
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека Северна Македонија треба да го исполни својот дел од обврските во процесот на проширување на ЕУ, вклучително и внесувањето на бугарската заедница во Уставот, како важен услов за продолжување на евроинтегративниот процес.
– Ни се потребни успешни приказни на Западен Балкан кога станува збор за проширувањето. Северна Македонија мора да ги исполни своите обврски, а една од нив е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави Калас пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Таа потенцираше дека исполнувањето на оваа обврска е од суштинско значење за да се зачува кредибилитетот на процесот на проширување, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
– Проширувањето мора да биде видливо и реално. Токму затоа, кога една земја прави чекори напред, таа треба да биде поддржана, но и да ги исполни договорените услови, нагласи Калас.
Изјавата на Калас доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ повторно станува приоритет во надворешната политика на Унијата, особено во контекст на геополитичките предизвици и зголемените тензии на Балканот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

