15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева доби условен отпуст од издржување на затворската казна во предметот познат како „Рекет“, информира Основниот кривичен суд Скопје.
Од Судот соопштија дека Кривичниот совет на 12 декември 2024 година, постапувајќи по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена во предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа барањето за условен отпуст.
Според одлуката, условниот отпуст започнува на 21 декември 2025 година и ќе трае до 21 август 2026 година. Тоа значи дека од вкупната седумгодишна затворска казна што ја издржува Јанева, ѝ е одобрен условен отпуст во траење од осум месеци.
Од Кривичниот суд појаснуваат дека одлуката е донесена согласно законските одредби и по разгледување на сите релевантни околности поврзани со издржувањето на казната.
По истекот на периодот на условен отпуст, доколку бидат исполнети условите утврдени со решението, Јанева нема да се врати на доиздржување на казната; во спротивно, таа повторно ќе биде вратена во затвор за преостанатиот дел од казната.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

