20 јануари 2025
• од Вардарски
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 17.01.2025 година.
Според новата одлука, од 21 јануари 2025 година, максималните цени на горивата ќе бидат:
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 денари по килограм и сега ќе изнесува 46,673 денари по килограм.
Овие цени стапуваат на сила од 00:01 часот на 21 јануари 2025 година. Трговците на големо и мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените и пониско од утврдените максимални цени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

