02 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Никица Корубин на својот Фејсбук профил објави колумна во која остро се осврнува на, како што ја нарекува, „псевдо-либералноста“ и нејзиниот крај во услови на драматични геополитички превирања. Според неа, ништо не ја разобличува привидната морална супериорност толку силно како настани што не оставаат простор за „одигрување на улогата“ – улогата на либерален, прогресивен и слободен ум.
Во колумната, таа ја проблематизира комфорната позиција од која дел од општествените и политичките кругови говорат за мир, меѓународен правен поредок и анти-воена етика, заборавајќи дека правото на слободен избор не е апстрактна или наследна категорија, туку резултат на демократски систем базиран на правила и вредности. Таа посочува дека токму таа „филозофија од фотеља“ е можна само во демократски држави, додека истовремено покажува толеранција кон авторитарни и тоталитарни режими.
Корубин прави паралела меѓу однесувањето на одредени левичарски, центар и зелени политички кругови во Европа и САД и, како што наведува, пост-комунистичките структури кај нас. Според неа, зад декларативната либералност често стои наследство од тоталитарни системи, особено од поранешната СФРЈ, кое и понатаму се манифестира како морална супериорност и скриена привилегија.
Во текстот се поставува прашањето дали дел од овие кругови, всушност, го бранат статус-квото – состојба во која демократијата останува „слаба“ затоа што игра по правила, додека авторитарните режими делуваат без ограничувања. Таа укажува на, како што ја нарекува, диспропорционалната емпатија кон одредени жртви во светските конфликти, наспроти игнорирањето на други, што според неа сведочи за вредносна недоследност.
Колумната завршува со тезата дека актуелната глобална криза можеби претставува крај на периодот на прикриен комунистички менталитет во најлибералните кругови, но и можност за нов почеток. Според Корубин, ако навистина станува збор за крај на еден статус-кво воспоставен по падот на Железната завеса и распадот на СФРЈ, тогаш тоа е момент на соочување со вистинската природа на вредностите – без реторички ракавици и без привидна морална удобност.
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

