16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фактор.мк остро ја критикуваше власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека целосно ги игнорираат проблемите на граѓаните во услови на економска криза.
„Година и пол се на власт, а ДПМНЕ и Мицкоски со прст не мрднаа да му помогнат на обичниот човек да ја преброди тешката економска ситуација. Наместо да застанат на страната на граѓаните, тие им прогледуваат низ прсти на сопствениците на големите маркети кога неконтролирано ги покачуваат цените на основните производи“, изјави Костова.
Костова нагласи дека инфлацијата во Македонија е двојно поголема од просекот во Европската унија. „Додека просечната инфлација во ЕУ е 2,1%, кај нас во август изнесува 4,4%. Синдикалната кошничка достигнува 65.000 денари, за што се потребни речиси три минимални плати. Македонија е последна земја во Европа по куповна моќ, а претпоследна по минимална плата,“ истакна таа.
Таа додаде дека цените на основните продукти, особено на зеленчукот, постојано растат, фабриките се затвораат и се губат работни места, а директните странски инвестиции бележат драстичен пад – од 573,6 милиони евра лани, на 221,2 милиони евра годинава.
„ДПМНЕ одбива да ги покачува платите и не ги почитува ни претходно постигнатите колективни договори, оставајќи ги граѓаните на цедило,“ рече Костова.
Во своето обраќање, таа ја истакна разликата меѓу политиките на СДСМ и ДПМНЕ во однос на животниот стандард. „Во време на СДСМ, минималната и просечната плата растеа, како и платите во јавниот сектор. СДСМ носеше конкретни пакети мерки за помош на граѓаните во криза, додека Мицкоски и ДПМНЕ во мирнодопски услови одбиваат да преземат било каква мерка,“ изјави Костова.
Според неа, СДСМ продолжува да нуди конкретни и конструктивни предлози, додека одговорите на ДПМНЕ биле само „обиди за дефокус од нивната неспособност“.
Костова предупреди дека незадоволството во општеството се зголемува. „Граѓаните веќе излегоа на протести поради нерешени проблеми како сообраќајната безбедност, труењето на воздухот и други. Ова незадоволство кон власта на Мицкоски и ДПМНЕ ќе продолжи да расте,“ потенцираше таа за Фактор.мк.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден