30 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава поради сомнение дека бесправно граделе во заштитена зона на Националниот парк Шар Планина, информира полицијата.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година извршиле нелегална градба во атарот на селото Гајре. Според пријавата, тие изградиле шест бетонски столбови без да поседуваат соодветна дозвола за градба издадена од Општина Тетово.
Поради утврдените неправилности, против двајцата е поднесена кривична пријава за кривично дело „бесправно градење“. Надлежните институции најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли со цел заштита на природните подрачја и спречување на нелегални активности во националните паркови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

