28 февруари 2025
• од Вардарски
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР.
Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на уредбата за издатоци за службени патувања, патувал во странство и на тој начин нанел штета на буџетот на установата во износ од 46.520 денари, се наведува во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

