25 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пред одржувањето на второто рочиште за трагедијата во Кочани, Јулија Златкова – мајка на загинатиот Томас Златков – упати силна и емотивна порака пред судницата во КПУ „Идризово“. Таа изјави дека се надева дека судијката ќе продолжи да го води процесот истиот начин како на првото рочиште, кое, како што вели, им дало искра надеж на семејствата на жртвите.
Златкова нагласи дека родителите на загинатите деца веќе осум месеци живеат во длабока агонија и секојдневно се обидуваат да се борат за правда.
Во својата изјава, таа остро проговори за системската одговорност:
„Ние родителите бараме само правда. Никој од нас не растел за да стане херој, туку за да стане човек. За жал, нашите невини деца кои ги убија ја платија цената на овој корумпиран систем. Ниту едно од семејствата не е дел од тој систем, а ние ја плаќаме цената,“ рече Златкова.
Таа беше зачудена од големиот број адвокати од Кочани кои се појавуваат како бранители на обвинетите.
„Дали немате ниту совест, ниту емпатија кога ќе погледнете како тагуваме по децата? Или дека убија ваши млади сограѓани? Барајќи ја правдата за нашите убиени деца, учиме дека во Кочани живееле многу корумпирани луѓе,“ додаде таа.
Мајката истакна дека очекува обвинителниот акт што го подготвува ОЈО ГОКК и потенцира дека мора да се истражи целокупната одговорност.
„Сакам да прашам кој му дозволи на монструмот да ги убие нашите деца? Кој му помогна? Ова не е убиство, ова е геноцид,“ изјави таа.
Златкова побара сите полицајци поврзани со настаните од кобниот 16 март да бидат опфатени во постапката, како и да се отвори хронологијата на случајот од 2012 година до денес.
„Мора да има правда. Никогаш не смееме да ги заборавиме овие деца ако сакаме да имаме држава,“ порача таа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

