06 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во словенечката престолнина Љубљана е пронајдено безживотно тело на 38-годишен државјанин на Македонија, соопшти портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Телото било пријавено во полицијата во петокот, а според првичните и неофицијални информации, мажот бил претепан до смрт.
Полициските служби веднаш излегле на терен и извршиле увид на местото на настанот. Наредена е судска обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, која засега сè уште не е позната.
„Интензивната кривична истрага продолжува, а надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави портпаролката Шкопорц, додавајќи дека сите околности поврзани со трагичниот настан се предмет на истрага.
Според досегашните информации, случајот предизвика вознемиреност во локалната јавност, додека се чекаат резултатите од обдукцијата и официјалното потврдување на причините за смртта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

