07 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Коментирајќи ги најавените намалувања на платите на функционерите, Максим Димитриевски изјави дека нема ништо против ваквата мерка, но посочи дека мора да се има предвид одговорноста што ја носат одредени функции. Според него, постојат функционери кои потпишуваат документи што повлекуваат и кривична одговорност, што треба да се земе предвид при секоја дискусија за платите во јавниот сектор.
Во гостувањето во емисијата Клик Плус на ТВ21, Димитриевски нагласи дека лично е задоволен од платата што ја прима, но дека таа не е негов главен извор на егзистенција.
Тој појасни дека со приватен бизнис се занимавал уште од 1998 година, а поради политичкиот ангажман привремено го оставил тој пат. Дополнително, работел во странство и средствата што ги заработувал ги инвестирал и реинвестирал, што, како што рече, му овозможува финансиска независност од политиката.
„Не сакам да бидам погрешно разбран. Јас сум бил задоволен и сум задоволен од платата која ја примам, бидејќи јас од платата не живеам. Се занимавам со приватен бизнис од 1998 година, работев во странство, инвестирав и реинвестирав. Од политиката не живеам и затоа сум слободен секому да му кажам тоа што мислам“, изјави Димитриевски.
Со оваа изјава, тој уште еднаш ја потенцираше потребата дебатата за платите на функционерите да се води внимателно, земајќи ги предвид и одговорностите што ги носат јавните функции, но и различните лични и професионални околности на оние што ги извршуваат.
Возачите на ЈСП ќе ги плаќаат казните од свој џеб за сообраќајни прекршоци
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

