Малолетен пешак прегазен во Скопје – тешко повреден
Малолетен пешак беше тешко повреден вчера попладне, откако беше прегазен од автомобил на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, несреќата се случила околу 15:40 часот, кога патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од 22-годишниот К.Ј. од Скопје, удрило во малолетниот пешак.
Повредениот веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен бил увид од страна на екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините и околностите под кои се случил инцидентот е во тек.