10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, предупреди дека Вардариште не смее да се претставува како парк или простор за прошетки, туку претставува сериозна еколошка закана која повеќе од половина век труе и загадува.
Мециновиќ потсети дека во 1970 година започнало истоварање отпад на местото ископано по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во 1980 Вардариште официјално била оформена како градска депонија со ограда и цевки за метан. Иако властите во 2017 година формално ја затвориле, таа и денес продолжува да се користи како претоварна станица за отпад.
„Земјата и подземните води се длабински контаминирани, а неконтролираните палења постојано го трујат воздухот. Ако Вардариште е навистина затворено, тогаш не смее да се користи како претоварна станица“, истакна Мециновиќ, додавајќи дека единствена легална депонија за Скопје е „Дрисла“.
Мециновиќ ја оцени идејата за претворање на Вардариште во парк како лажно решение. „Не е хумано деца и луѓе да шетаат по отровен терен. Експертите велат: колку траела депонијата, толку години ќе бидат потребни за целосна деконтаминација“, нагласи тој.
Како кандидат за градоначалник, тој предложи сериозен и долгорочен план за санација на просторот:
„Вардариште е тест за одговорноста на институциите, но и на сите нас. Не смееме да им довериме мандат на оние што веќе имале безброј можности да постапат во интерес на здравјето на скопјани. Решението што го нудам е реално, системско и единствено во полза на граѓаните“, порача Мециновиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

