28 февруари 2025
• од Вардарски
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што двајцата лидери ја потврдија својата заложба за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Како дел од оваа иницијатива, ќе биде потпишана Заедничка политичка декларација за формирање Совет за соработка на високо ниво меѓу владите на Македонија и Турција. Овој совет ќе служи како механизам за продлабочување и интензивирање на билатералната соработка во различни области од заемен интерес – како економијата, инвестициите, културата и регионалната безбедност.
Мицкоски изрази уверување дека оваа иницијатива ќе отвори нови можности за соработка и ќе ги зацврсти односите меѓу македонскиот и турскиот народ.
Во знак на почит кон историјата и културното наследство, Мицкоски му подари на Ердоган уметничка слика од познатата Шарена џамија во Тетово, значаен архитектонски објект кој турскиот претседател го има посетено повеќепати.
Оваа средба претставува важен чекор во продлабочувањето на традиционалното пријателство меѓу Македонија и Турција, создавајќи нови перспективи за развој и соработка на повеќе нивоа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

