02 март 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, денеска примил телефонски повик од премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, јавува Емиратската новинска агенција.
Според информациите од страната на ОАЕ, во разговорот се дискутирало за најновите случувања во регионот и за актуелната безбедносна состојба.
Премиерот Мицкоски изразил осуда за, како што било наведено, очигледните ирански напади насочени кон територијата на Обединетите Арапски Емирати и кон други земји. Тој ја потврдил солидарноста на Северна Македонија со ОАЕ во сите мерки што ги преземаат за заштита на својата безбедност, стабилност и безбедноста на своите граѓани.
Претседателот Шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан му се заблагодарил на премиерот Мицкоски за поддршката и за ставот на Северна Македонија кон ОАЕ.
Од двете страни била нагласена потребата од итен прекин на воените активности и враќање на дијалогот, со цел да се спречи понатамошна ескалација и да се зачува регионалната и меѓународната безбедност и стабилност.
Од ОАЕ посочуваат дека комуникацијата и соработката со меѓународните партнери остануваат клучни во овој чувствителен период.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

