08 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Двајца млади скопјани се лишени од слобода под сомнение дека предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според официјалното соопштение, околу 2:20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје било пријавено дека на паркинг-просторот на Спортскиот центар „Јане Сандански“, во општина Аеродром, избувнал пожар кој зафатил три возила.
Станува збор за товарно возило „Ивеко“ и товарно возило „Рено“, и двете со скопски регистарски таблички и во сопственост на правно лице од Скопје, како и патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на лице од Прилеп.
Екипа од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје го изгаснала пожарот околу 2:50 часот. По интервенцијата, полицијата веднаш започнала со истражни активности за утврдување на причините и можните сторители.
„По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица – Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, на булеварот ‘АСНОМ’ од слобода се лишени Ф.Ц. (23) и И.Ц. (24), двајцата од Скопје,“ соопштуваат од МВР.
Осомничените се задржани во полициска станица, а надлежните органи продолжуваат со истрагата за да се утврдат мотивите и околностите под кои настанал пожарот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден