04 март 2026
• од Тодор Вангелов
Тимчо Муцунски, остро реагираше на социјалната мрежа X по информациите за ракетно лансирање од Иран во правец на Турција, оценувајќи дека ваквиот потег е „неприфатлив и дестабилизирачки“.
Во својата објава, Муцунски нагласи дека Турција е сојузник во НАТО и дека ваквите активности претставуваат сериозно нарушување на меѓународните правила и безбедноста во регионот.
„Ракетните напади на Иран кон Турција – сојузник на НАТО – се неприфатливи и дестабилизирачки. Ваквите постапки го нарушуваат меѓународниот воздушен простор, ги ескалираат тензиите и ја поткопуваат регионалната стабилност“, напиша Муцунски.
Тој истакна дека Северна Македонија изразува целосна солидарност со Турција и повика на итна деескалација на ситуацијата.
„Стоиме во целосна солидарност со Турција и повикуваме на итна деескалација и целосно почитување на меѓународното право“, додаде министерот во објавата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

