14 јануари 2025
• од Вардарски
Според Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има на Попова Шапка – 62 сантиметри, во Маврови Анови висината на снежната покривка е 57, во Крушево 39, Битола 33, Берово 26, Тетово 25, а во Скопје девет сантиметри.
Најниската температура измерена утрово, исто така, е на Попова Шапка и изнесува минус 10 Целзиусови степени, во Маврово и во Крушево е минус седум, Берово минус четири и минус еден во главниот град. Над нулата е само во Гевгелија, каде живата во термометарот утрово се искачила до вториот степен.
Во текот на ноќта беше облачно со повремени врнежи од снег претежно во централниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава снег провејува во Крива Паланка и во Скопје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

