10 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во последната деценија, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија, покажуваат најновите податоци на Евростат, заводот за статистика на ЕУ, пренесуваат косовските медиуми.
Најголем дел од заминувањата се случиле во последните четири години, за време на мандатот на премиерот Албин Курти. Само во периодот од 2020 до 2024 година, државјанство во некоја европска земја добиле над 210.000 косовски граѓани.
Во 2024 година 38.770 жители на Косово добиле државјанство во земјите на ЕУ, во 2023 година 48.937, во 2022 година 46.965, а во 2021 година 43.636.
Овие бројки не ги опфаќаат оние кои нелегално престојуваат во европските држави, ниту пак оние кои се иселиле во Велика Британија, САД или Канада.
Од 2015 до 2024 година, вкупно 360.000 косовски граѓани првпат добиле дозвола за престој во некоја од земјите членки на Европската унија. Според експертите, ова е еден од највисоките проценти на емиграција во Европа, и укажува на длабоки социјални и економски проблеми во земјата.
Посебно тешка е ситуацијата кај српското население на Косово. Според изјавата на Даниела Николиќ, претседателка на Собранискиот одбор за Косово и Метохија, дури 20 проценти од Србите го напуштиле Косово во последната година.
Николиќ наведе дека причините се систематски притисок, институционална дискриминација и безбедносни закани од владата на Албин Курти.
Масовното иселување од Косово станува сериозен демографски и економски предизвик за земјата. Иако дел од граѓаните заминуваат во потрага по подобар живот и работни можности, експертите предупредуваат дека континуираниот одлив на население може да остави долгорочни последици врз пазарот на труд и развојот на државата.
Почина 16-годишникот кој со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден