03 ноември 2026
• од Гоце Кически
Народната банка воведе дополнителни ограничувања за кредитната активност на „Алта банка“ АД Битола. Банката не смее да одобрува нови кредити, да ги продолжува роковите на постојните, ниту да исплаќа претходно одобрени кредити.
Мерките се дел од привремената администрација во банката и имаат цел да ги заштитат средствата и интересите на депонентите и доверителите, објави ТВ21.
Клиентите и понатаму треба редовно да ги измируваат обврските што ги имаат кон банката.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

