07 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во периодот од 7 до 12 септември 2025 година, НАТО и Бугарија ќе ја организираат една од најголемите и најсложени вежби за итни ситуации во светот. Настанот ќе се одржи во Професионалниот тренинг центар за итен одговор во Монтана, каде што ќе се симулираат различни кризни сценарија.
Очекува се учество на околу 1200 учесници од земјите членки на НАТО, како и претставници од други земји и меѓународни организации. Оваа вежба претставува уникатна можност за размена на искуства, унапредување на координацијата и зајакнување на капацитетите за справување со катастрофи.
Вежбата ќе опфати повеќе сложени сегменти, меѓу кои:
Особено значајно е што ТППЕ Струмица ќе испрати свој тим за урбано пребарување и спасување од урнатини. Тимот е дел од Републичкиот Тим за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и има стекнато големо меѓународно искуство. Тие учествувале во реални интервенции, како на пример при земјотресите во Албанија и Турција, како и во бројни меѓународни вежби.
Со вакви активности, НАТО и партнерите покажуваат решителност во градењето на глобална безбедност и подготвеност за справување со кризни ситуации. Воедно, учеството на македонските спасувачки тимови претставува признание за нивната стручност и посветеност во помошта при катастрофи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден