25 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека не се согласува со предлогот за минимална плата од 500 евра. Според него, таа треба да изнесува најмалку 600 евра.
„Јас сум за 600 евра, доколку имам силни аргументи дека токму таа сума треба да биде минималната плата. Врз основа на тие 600 евра, според степенот на сложеност на работните места, треба пропорционално да се зголемуваат сите плати“, нагласи Неделков.
Тој додаде дека ваквиот пристап не подразбира само повисока минимална плата, туку и системско уредување на платниот систем, со цел да се почитува вредноста и тежината на секое работно место.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

