10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Новиот извештај на Евробарометар ја сече секоја надеж дека Северна Македонија ќе ја најде својата иднина во Европската Унија. Податоците покажуваат дека нашата држава е речиси сама во оваа битка, одбиена од соседите и игнорирана од оние што ја кројат европската политика.
Најголемиот шлак е од Софија. Само 32% од бугарските граѓани сакаат Македонија да влезе во ЕУ. Тоа е најниската поддршка на целиот континент. По сите уцени, условувања и понижувања, сега станува јасно: бугарското општество нè гледа како непријатели, а не како идни партнери. Тоа значи дека блокадата ќе трае со години, можеби децении.
И покрај сменетото име и националното понижување што македонските граѓани го прифатија со Преспанскиот договор, Грција возвраќа со студена рамнодушност. Само 39% од Грците сакаат да нè видат во ЕУ. Жртвата што Македонија ја направи не донесе благодарност, туку уште една понижувачка порака – дека не сме посакувани ниту на југ.
Франција, Германија, Холандија – земјите што реално одлучуваат за иднината на Унијата – покажуваат речиси никаква волја за ново проширување. Со поддршка од 36% во Франција, 44% во Германија и 48% во Холандија, сигналот е јасен: Македонија нема иднина во нивните планови. Европа е поделена, но центарот на моќта нè гледа како товар, а не како иднина.
Северна Македонија веќе три децении чека на прагот на Европа, а денес изгледа појасно од кога било – таа врата е заклучена. Нашите жртви се покажаа залудни, нашите соништа се претворија во кошмар. ЕУ нè користи за дневна политика и нè остава да тонеме во разочараност и безнадежност.
Ако овие бројки се вистинската слика на европската иднина, тогаш македонскиот народ нема што да очекува. Секој нов ден на чекање е уште едно потсетување дека сме оставени сами, заборавени и понижени. Европа ја врти главата, а Северна Македонија полека исчезнува во мракот на сопственото разочарување.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден