25 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Иако актуелната влада со месеци гради непријателска реторика кон Бугарија, деновиве повторно станавме сведоци дека токму од нашиот источен сосед доаѓа клучната поддршка кога Македонија е во неволја.
Министерот за транспорт, Александар Николоски, денеска потврди дека проблемот со радарот на скопскиот аеродром е решен за само три дена. Но, јавноста остана изненадена од признанието дека во целиот процес пресудна била „пријателската работа и помошта од контролата за летање во Бугарија“, како и од Владата на Италија.
Да потсетиме: проблемот со радарот трае повеќе од три децении, а актуелниот систем е стар речиси 27 години. Делови за него не се произведуваат веќе седум години, но властите и покрај тоа дозволиле скопскиот аеродром да функционира само со еден канал целиот овој период.
Николоски се обиде да ја сврти вината кон претходната влада, но суштината е јасна: додека Скопје со години шири омраза и недоверба кон Софија, Бугарија без двоумење испрати помош и се вклучи во координацијата за решавање на проблемот.
Ова не е првпат источниот сосед да помогне во кризна ситуација – и секогаш тоа се прави тивко, професионално и без условувања. За жал, наместо благодарност и градење пријателски односи, од владините говорници слушаме само политички напади кон Бугарија, кои очигледно не одговараат на реалноста.
Радарот сега повторно работи со два канали, а Владата најави дека ќе донесе одлука за конечно монтирање на новиот систем кој со години стои во депо. Но, суштинската порака што останува е едноставна: Кога Македонија има проблем – Бугарија е таа што прва подава рака, додека нашите „патриотски“ власти градат ѕидови од недоверба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

