21 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски реагираше на социјалните мрежи на изјавата на премиерот дека Владата интензивно работи на европската агенда. Според него, постои голема разлика меѓу реториката и реалните факти, а како доказ ја посочи официјалната потврда од Делегацијата на Европската Унија во Скопје дека Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството.
Николовски потсети дека во неговиот мандат, преку ЕУ биле обезбедени 1,5 милиони евра и поддршка за целосна трансформација на секторот. Тој нагласи дека бил подготвен нов европски Закон за шумите, Закон за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, како и Закон за трансформација на ЈП „Македонски шуми“. Дополнително, бил набавен интегриран ИТ-систем наменет за контрола на дрвната маса и превенција од шумски пожари.
„За жал, ДПМНЕ ги повлече законите и реформите ги напушти, а софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални – бидејќи некому очигледно му одговара хаосот, а не европски стандарди и контрола,“ напиша Николовски, додавајќи дека зад ваквиот развој стои антиевропски центар на моќ кој прави сè за реформите да не успеат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

