29 март 2025
• од Вардарски
Ноческа во О2 часот по полноќ, стрелките на часовниците ќе се поместат еден час понапред – на 03 часот- со што и официјално завршува зимското и започнула летното сметање на времето.
Промената на времето се применува во сите земји-членки за околу 512 милиони граѓани на ЕУ и за милиони соседи во други европски земји.
Истражувањата покажуваат дека движењето на часовникот напред и назад секоја пролет и есен има негативно влијание врз економијата и здравјето на луѓето, поради што се погласни се повиците за укинување на системот во Европа и пошироко.
Во 2018 година, Европската унија предложи крај на поместувањето на часовниците на пролет и наесен, откако речиси четири милиони луѓе во тогашниот блок од 28 члена, пред официјалното заминување на Британија го поддржаа тоа.
Парламентот, единственото тело на ЕУ чии членови се директно избрани од граѓаните, го подржаа тоа во 2019 година, но оттогаш се станува по старо.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

