15 мај 2025
• од Вардарски
Основното јавно обвинителство Кочани ја продолжува истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, при што се вршат интензивни дејствија за прибирање докази и распити на сведоци и осомничени лица. Како дел од истражната постапка, обвинителството предложи заменување на мерката притвор со куќен притвор за двајца од осомничените – поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот државен секретар во истото министерство.
Обвинителскиот тим соопшти дека распитите на сведоците – очевидци се при крај, а сите испитувања и други истражни дејствија се спроведуваат без одложувања и во согласност со утврдената динамика. Дополнително, се работи на повеќе вештачења, при што се анализираат и споредуваат податоците од обезбедените електронски уреди.
Во согласност со фазата на постапката и доказите што се веќе собрани, до Основниот суд во Кочани е поднесен предлог за замена на притворот со куќен притвор за споменатите двајца осомничени. За уште 18 лица, обвинителството предложи продолжување на веќе определените мерки – притвор и куќен притвор.
Оконечната одлука по овие предлози ќе ја донесе Основниот суд во Кочани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

